compensate - онтологија

компензира повеќе

Види и: компензација (ж.)
компензираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Надомести, надоместува со нешто друго.
Примери:
Успеа да ја компензира штетата.

надокнади повеќе

надокнадат
Вид збор: Глагол, свршен
надомести
Употреба: Дијалектен збор

надомести повеќе

надоместат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде некому надоместок за нешто, надополни, замена нешто што недостига, што е изгубено и сл.
Примери:
Преку суд побарал да му ја надоместат штетата.

надополни повеќе

надополнат
Вид збор: Глагол, свршен
надомести
Албански: kompensoj

обесштети повеќе

обесштетат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде отштета за нанесена загуба, штета.
Албански: kompensoj
Употреба: Економија
Примери:
Државата ќе ги обесштети лицата чии имоти беа поплавени.

отпреми повеќе

отпремат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде некому финансиска компензација.
Српски: отпремити Албански: konpensoj
Употреба: Дијалектен збор , Економија
Примери:
Работниците ги отпремија по десет месечни плати.

отштети повеќе

отштетат
Вид збор: Глагол, свршен
Надомести штета, плати отштета.
Албански: konpensoj
Употреба: Економија
Примери:
Државата ги отштети сопствениците на национализираните имоти.

рекомпензира повеќе

Види и: компензира (св. и несв.)
рекомпензираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Надомести, надоместува, надополни, надополнува; одмазди, одмаздува, казни, казнува.

репарира повеќе

репарираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Надомести, надоместува штета.